Патувајќи од каналите на Венеција до мостот „Голден гејт“ во Сан Франциско, група постари луѓе во Јапонија го шетаат светот без да станат од своите фотелји.

Сето тоа е можно благодарение на виртуелната реалност и на тимот од Универзитетот во Токио предводен од Кента Тошима.

Како терапевт Тошима патувал низ целиот свет и снимал видеа од 360 степени за да им ги покаже на своите постари пациенти. Неговата цел е да им помогне да најдат радост и мотивација во животот користејќи технологија на виртуела реалност. Со помош на неа оние што не се во можност да патуваат, ќе може да ја задоволат својата потреба за патување и откривање нови дестинации.