Компанијата LG подготвува своја верзија на смартфон на преклоп под ознаката LM-Y110, познат уште и под „кодното“ име LG Folder.
За разлика од моделот на преклоп од висока класа (high-end) на Samsung – W2018 – моделот на LG е основен (entry-level) смарфон на преклоп, заснован на чипот MediaТech со 1,1 GHz.
Телефонот ќе има 1GB RAM, внатрешна меморија од 8GB, камера од 5 мегапиксели и батерија од 1470 mAh.
LG Folder Flip Smartphone Officially Launched https://t.co/56TzRuQHMC pic.twitter.com/djaaTmrrHA
— Nicholas Rynjah (@Rynjah09) March 16, 2018
Екранот од 3 инчи ќе има резолуција од 360 x 240 пиксели (и најверојатно нема да биде на допир), со физичка тастатура и веќе застарениот оперативен систем Android 6.0.1 Marshmallow.
Телефонот ќе има и посебно копче за вклучување и исклучување на FM радио.
Значи, станува збор за основен мобилен уред замислен како проширување на т.н. категорија мобилни уреди „feature phone“ на кои може да се инсталираат одредени помалку „тешки“ Android апликации.
LG „Folder“ LM-Y110 по претставувањето на домашниот пазар во Јужна Кореја ќе биде достапен и во Европа.
Извор: Bug.hr