Motorola спроведе истражување на територијата на четири континенти на едни од највлијателните точки на технологијата во моментот – Бразил, Индија, САД и Франција. Истражувањето е глобално и во него се ангажирани истражувачи од највисоко професионално ниво во светот, а зад анализата стои брилијантниот ум и гуру во науката за изучување на среќата и светски TED Speaker, д-р Ненси Еткофф од универзитетот Харвард.
Обработените резултати од пред неколку дена покажуваат дека 80% од активното население на возраст помеѓу 21 и 37 години за непријатни теми претпочита да разговара во писмена форма, наместо да разговара со соговорникот лице в лице. 76% од испитаниците од помладата генерација (16-20 години) признаваат дека се соочуваат со паника ако помислат дека го изгубиле телефонот. Во меѓувреме, повеќе од половина од испитаниците во оваа возрасна група (56%) велат дека нивната друга половина била љубоморна на нивниот смартфон.
Речиси секој втор родител признава да му го дава својот мобилен телефон на своето дете за да си игра со него. 53% од помладите генерации го дефинираат нивниот мобилен телефон како најдобар пријател, а 19% го сметаат за своја сродна душа. 57% од испитаниците на возраст помеѓу 38 и 53 години велат дека ги чуваат своите телефони на ноќното масиче, а 28% ги проверуваат своите нотификации кога се будат во текот на ноќта.
Околу 46% од корисниците од 21 до 37 години признаваат дека пишуваат на своите телефони додека возат, додека оние на возраст помеѓу 38 и 53 години се 32%. Вкупно 33% од сите испитаници признаваат дека го проверуваат телефонот повеќе од 20 пати на ден за нови нотификации. Корисниците трошат повеќе од 6 часа на ден со својот смартфон, но само 7% од сите испитаници го користат својот мобилен уред за читање книги.