Facebook може да се здружи со други големи компании и без да се соочува со антимонополски главоболки, ако избереме да влеземе во нови пазари, изјави главниот оперативен директор на компанијата, Шерил Сандберг на Code Conference.

Притоа, таа не прецизираше кои компании се можна цел за проширување на пазарот.

Facebook е една од најголемите компании во светот според пазарниот капитал, а тоа го стекна, меѓу другото, преку купување помали, но атрактивни компании. Во 2014 година го откупија WhatsApp за 22 милијарди долари, а Окулус – за три милијарди. Претходно, во 2012 година го купија и Инстаграм, за една милијарда долари.

ЕУ изрази загиженост за пилот-програмитеите на Facebook и WhatsApp, за споделување телефонски броеви и други податоци.

Сандберг на тие наводи одговори дека таквото споделугвање е и корисно, на пример при фаќањето педофили онлајн.