Spotify e најпосакувана стриминг услуга за милиони корисници, бидејќи нуди разновидна колекција на албуми и уникатни алгоритми со кои ни препорачува содржина. Премиум верзијата овозможува офлајн пристап до вашата плејлиста, ги отстранува рекламите и го подобрува квалитетот на звукот за минимална месечна претплата. Spotify сака да ја олесни дополнително работата на корисниците и веќе тестира нова функција која ќе овозможи да се користат гласовни команди во профилите на корисниците, информира Pocket-Lint.

Опцијата е моментно достапна за некои сопственици на iOS уреди, но наскоро ќе биде достапна и за Android. На овој начин, ќе можеме да пребаруваме и да пуштаме песни од омилените изведувачи, албуми и плејлисти во Spotify. За да се активира функцијата е потребно да кликнете на иконата со форма на лупа, која е сместена во средината на лентата за управување во долниот дел, каде се Home, Browse, Search, Radio и Your Library. Во долниот лев агол има ново копче со микрофон опкружен со бел круг.

Ако се уште не го гледате овој симбол, ќе треба да бидете потрпеливи. Поддршката за гласовна команда е клучна компонента на паметните звучници како што е Google Home и може да биде доказ дека Spotify ја подготвува премиерата на таков елемент.

Времето ќе покаже дали хардверот влегува во нивната идна стратегија, но употребата на нашиот глас за контрола на Spotify дефинитивно ќе им се допадне на многу корисници. Наскоро ќе биде објавена и целосната листа на гласовни команди, што ќе бидат поддржани од услугата.