Apple Worldwide Developers Conference (WWDC) ќе се одржи во јуни оваа година, поточно од 4 до 8 јуни, а компанијата на овој настан ќе претстави неколку новитети, помеѓу кои и новите iOS и macOS.
На минатогодишната конференција Apple ги претстави HomePod, новиот iMac Pro, iOS 11, 10,5-инчниот iPad Pro и уште неколку уреди кои влегоа во сериско производство, а оваа година ќе дознаеме нешто повеќе за иднината на оперативните системи macOS и iOS.
Покрај macOS и iOS, на конференцијата се очекува да се појават и евтини верзии на iPad и MacBook. Сепак, фокусот дефинитивно ќе биде на иднината на iOS, односно iOS 12. Apple се фокусира на неговите перформанси и идната безбедност, а не само на новите функции. Компанијата ќе лансира и неколку нови универзални апликации за iPhone, iMac и iPad.
Bloomberg од претходно најави дека Apple ќе воведе сопствени Animoji ликови за секој посебен корисник на iPad, благодарение на новата FaceID камера која ќе ја има новиот iPad. Новиот iOS 12 за iPad се очекува да ја има можноста за отворање нови табови во апликациите, но позначајните промени нема да пристигнат на таблетот на Apple барем до наредната година.
Доколку компанијата ги следи предвидените рокови, iOS 12 Preview би требало да им биде достапен на програмерите уште веднаш по завршувањето на конференцијата.
Извор: Klix.ba