LG ја пропушти можноста да претстави нов предводник на Мобилниот конгрес во Барселона, за да избегне директна конкуренција со Samsung Galaxy S9. Се уште не располагаме со податоци кога за првпат ќе го видиме LG G7, но можеме да претпоставиме дека компанијата ќе одржи специјален настан во наредните месеци, на кој ќе биде прикажан смартфонот.
На интернет се појавија нови информации од корејското издание на ETNews, кое открива малку повеќе детали за плановите на LG. Податоците цитираат извори блиски до компанијата и посочуваат дека официјалната презентација на LG ќе се случи во втората половина на април. Продажбата на пазарот ќе почне неколку недели подоцна, што значи дека LG G7 ќе биде достапен во мај.
Цената ќе биде во опсег од 850 до 950 долари, во зависност од специфичната верзија. Интересно е дека компанијата се уште не одлучила точно каде да биде премиерата на уредот и дали настанот да се одржи во Европа или во Јужна Кореја.
Спецификациите на LG G7 вклучуваат 6-инчен OLED екран со сооднос на екранот од 19.5:9 и двојна задна камера со 16 мегапиксели. Новиот паметен телефон ќе има 6GB RAM и процесор Snapdragon 845. Вградената меморија ќе изнесува 64GB или 128GB.
Според ETNews, премиерата на G7 во април ќе ги смени плановите на компанијата во втората половина од годината. Ова значи дека следниот сериски модел нема да биде прикажан во септември, но ќе биде објавен во ноември.