Компанијата SpaceX во првата половина на 2019 година ќе го тестира својот ракетен систем BFR наменет за мисија на Марс.

Основачот на компанијата SpaceX, Елон Маск рече дека очекува први кратки летови во првата половина од наредната година, но нагласи дека овој рок е оптимистичен со оглед на тоа дека ракетата Фалкон 9 првобитно требаше да биде лансирана во 2013 година, а всушност полета во февруари оваа година.

Сепак, тестните летови не се далеку, затоа што целта да се тргне на мисија на Марс е 2022 година.

BFR се смета за духовен наследник на Falcon Heavy, а нејзиниот актуелен дизајн подразбира 37 37 Raptor мотори, 31 booster ракети и шест на самото летало. Тоа значи дека ќе биде два пати појака од ракетата Saturn V. Ракетата би трабало повторно да може да се користи, а нејзиното лансирање ќе ја означи првата мисија на SpaceX во Вселената далеку од Земјата.

Мисиите на Марс се конечна цел, но ракетата може да се користи и за лансирање на Месечината и за праќање товар на Меѓународната вселенска станица. Таа може да понесе товар од 150 тони, пет пати повеќе од Falcon Heavy.