Продажбата на новите ударни смартфони на Samsung во Македонија ќе почне од овој петок, 16. март.
Samsung денеска ги претстави новите Galaxy S9 и S9+ паметни телефони во Македонија. Новите ударни смартфони на Samsung пристигнуваат со низа новитети и подобрувања: неверојатна камера за снимање при слаба осветленост со двојна бленда на објективот, супер бавен “slow-mo“ видео запис и пиктографи (AR emoji) за изменета реалност за поперсонализиран начин на изразување.
Овие неверојатни уреди неодамна беа за прв пат претставени во рамки на Светскот Конгрес за Мобилна Технологија 2018 во Барселона, каде освоија 30 награди, вклучувајќи ја и најзначајната награда во рамки на годишните Глобални Награди за Мобилна Технологија (Global Mobile Awards – GLOMO Awards) – “Најдобар Нов Уред за Поврзување“ (“Best New Connected Device”). Новиот Samsung Galaxy S9+ се стекна со оваа награда благодарение на својот префинет дизајн, напредна камера и извонредни перформанси.
„Овие награди за нас се поттик од година во година да бидеме што подобри во создавањето уреди кои во потполност ќе можат да одговорат на сите предизвици на модерното време и на потребите на нашите корисници. Верувам дека со новите Samsung Galaxy S9 и S9+ повторно ја поместивме границата во развојот на паметни телефони. На корисниците им понудивме иновативни уреди кои ќе им овозможат да се изразат и да комуницираат на целосно уникатен начин.“- изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор во компанијата Samsung за Адриатик регионот.
Камерата со двојна бленда на Samsung има обектив кој функционира слично како ирисот на човечкото око и автоматски може да се менува согласно различните услови на осветлување. На овој начин, фотографиите изгледаат одлично без разлика дали се фотографирани во услови на поголема светлина или при слабо осветлување, дење или навечер. Двојната бленда поддржува “F1.5“ и “F2.4“ режим. Кога е темно, објективот се отвора до “F1.5” за да пропушти повеќе светлина за јасни и чисти фотографии, додека на дневна светлина објективот автоматски се префрла во режим “F2.4“ овозможувајќи фотографијата да ја задржи својата острина.
Исто така, новите Galaxy S9 и S9+ имаат напредна камера со “Super Speed Dual Pixel“ сензор со зголемена сила за обработка и меморија за висок квалитет на фотографии. Благодарение на овој сензор, камерата може да ги долови сите детали четири пати побрзо, и тоа поголем број од нив. Со опцијата “Super Slow-Mo“ за креирање видео записи, секој корисник може да ги зачува секојдневните незаборавни мигови со помош на динамичнни и успорени видео записи кои снимаат до 960 слики во секунда.
Галакси С9 и С9+ поседуваат автоматски детектор за движење, интелигентна карактеристика која детектира движење и автоматски почнува да снима се, претворајќи приближно 0,2 секунди реални случувања во околу 6 секунди снимка. По снимањето на записот креиран со “Super Slow-Mo” функцијата, корисниците може да ја одберат и музиката која ќе се слуша во позадина на видеото. На располагање имаат 35 различни опции, а може да додадат и мелодија од својата омилена плејлиста. Корисниците, исто така, на едноставен начин, со помош на допир може да креираат, уредуваат и споделуваат содржини во .GIF формат.
Samsung им овозможува на корисниците да креираат персонализирани емотикони кои изгледаат, звучат и се однесуваат исто како нив. Пиктографите за изменета реалност (AR Emojis) користат алгоритам за машинско учење кое се темели на податоци кои ја анализираат 2D фотографијата од корисникот и исцртуваат преку 100 фацијални карактеристики за да креираат 3D модел кој рефлектира и имитира експресии како намигнување и потврдување со главата, за вистинска персонализација. Овие пиктографи ги споделуваат чувствата на корисниците од реалниот живот преку видео, но и преку широк спектар на сликички кои користат стандарден AGIF формат за датотеки, овозможувајќи им на корисниците да ги споделуваат нивните пиктографи низ различни други платформи за разменување на пораки.
Samsung Galaxy S9 има 5,8 инчи Quad HD+ Curved Super AMOLED екран, а екранот на Galaxy S9+ е со иста резолуција, со поголема дијагонала од 6,2 инчи, исто така со сооднос 18:5:9. Бесконечниот Super AMOLED екран се вклопува во телефонот речиси директно во телефонот без рабови кои попречуваат. Со адаптивното подобрување на контрастот, корисниците можат да го користат нивниот уред дури и на директна сончева светлина.
Адути кои заслужуваат внимание се и Bixby – интелигентна платформа интегрирана во камера, јасниот, чист и квалитетен звук благодарение на AKG звучниците поддржани од Dolby Atmos© со ефект на звукот од 360 степени. Галакси С9 и С9+ се први паметни телефони кои ја поддржуваат новата “SmartThings“ апликација и може да се поврзат со други Самсунг уреди, а новата генерација Samsung DeX е идеална за сите оние кои се константно во движење. Уредите поддржуваат проширување на меморијата до 400 GB со Микро СД (MicroSD) картичка и се опремени со најновите премиум апликациски процесори кои овозможуваат моќен перформанс и софистицирана обработка на сликата.
И двата најнови уреди од портфолиото на Samsung – Galaxy S9 и S9+ се заштитени со “Knox 3.1“ – најновата, најсовремена надградба на безбедносната одбранбена платформа на Самсунг и имаат три различни можности за биометриска проверка на автентичноста – со скенирање на окото, отисокот од прстот, како и препознавање на лицето.
Продажбата на новите Samsung Galaxy S9 и S9+ во Македонија започнува од овој петок, 16. март. Корисниците ќе може да ги набават уредите во следните бои: Полноќно Црна, Корално Сина, како и во новата нијанса – Пурпурно Виолетова. Препорачаната продажна цена за Galaxy S9 изнесува 50.999 денари, односно 56.999 денари за Galaxy S9+. Сите заинтересирани купувачи ќе може да ги набават уредите од салоните на продажните партнери на Самсунг – Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун.