Пред некое време пишувавме дека е одложено претставувањето на Galaxy M41 смартфонот на Samsung, поради наводни проблеми со екранот.

Сега, благодарение на SamMobile знаеме дека уредот, сепак, ќе се појави и тоа со рекорден капацитет на батеријата, во однос на останатите паметни телефони на Samsung. Galaxy M41 доби 3C сертификат, а неговата батерија се споменува на веб-страницата Safety Korea.

Се споменува батерија со капацитет од 6800 mAh, а бидејќи Galaxy M серијата спаѓа во entry-level сегментот на пазарот, треба да се очекува дека ќе биде поддржано само полнење на батеријата од 15W.

Што се однесува до останатите карактеристики, се споменуваше 6,5-инчен OLED екран со интегриран сензор за отисоци од прсти (прв OLED дисплеј од прооизводител од трета страна, поточно од кинеската компанија China Star Optoelectronics Technology), Snapdragon 730 чип, 8 GB RAM, 128 GB интерна меморија, 3,5-милиметарски приклучок за слушалки, тројна задна камера со главен 64-мегапикселен сензор.