Технолошкиот гигант Apple патентираше тастатура којашто не пропушта трошки и слична нечистотија, пишува The Verge.
Според решението тастатурата користи два начина да се одбрани од ситните нечисти парчиња. Едниот е преку запечатување на празнините, а другиот е преку заштитен слој врз секоја број/буква и знак, којшто при притискање ќе испушта воздух за да се ослободи од нечистотијата.
Патентот беше прв пат поднесен на 8. септември 2016 година, само еден ден откако компанијата официјално ги претствави iPhone 7 и iPhone 7 Plus. Од Apple сè уште не најавуваат кога оваа тастатура ќе може да се очекува на пазарот.