Инспириран од неверојатна колекција на Ralph Lauren, популарниот моден бренд создаде часовник кој ја симболизира моќта, дизајнот и историјата на автомобилите без кои животот не би бил можен. Името на овој часовник е Automotive Skeleton Steel и на прв поглед изгледа како функционално ремек-дело што ве остава без здив. Часовникот е дизајниран да биде совршен спој на дизајн и механика, така што ја одлично ги симболизира и автомобилите, кои исто така ја имаат оваа совршена комбинација.
Доаѓа во челично куќиште со големина од 44,8 милиметри кое содржи конвексен сафирен кристал и сафирна позадина и овозможува овој часовник да се носи и на длабочини од 50 метри под вода. Сепак, најубавото нешто во врска со овој часовник дефинитивно е бројчаникот кој е направен од родиум, со транспарентна позадина која јасно го покажува сложениот и прецизен механизам кој се наоѓа во куќиштето.
Механизмот кој наоѓа во куќиштето е швајцарски Ralph Lauren caliber RL1967 кој рачно се навива и која има резервна енергија која му овозможува да работи 45 часа по престанок на работа на механизмот.
Часовникот може да се купи во две верзии. Првата содржи елегантна челчна нараквица, додека другата верзија има феноменално ременче од кожа од алигатор што го прави овој часовник уште поубав и поелегантен.
Поврзани артикли