Во Трансилванија има забавен парк кој се наоѓа длабоко под земјата на околу 120 метри. Станува збор за Salina Turda, стара солана претворена во туристичка дестинација позната во целиот свет. Паркот се наоѓа во областа каде што со години беше вадена сол, но работата е запрена и ископот на сол не функционираше долго време, а областа беше запуштена.
Кратко време откако биле изградени еден фудбалски терен, со куглана, мини голф и панорамско тркало, денес овде имате и низа други можности за рекреација. Најголемата атракција е соленото езеро создадено од депозитите на минерална сол. Оваа област е опремена и со солариум, спа услуги и ресторани, а работи и во лето и во зима.
Поранешниот рудник за сол се наоѓа во близина на градот Турда во околината на Клуж. Со текот на годините стана вистинска туристичка атракција. Некои од посетителите доаѓаат само за да пливаат во езерото, други да играат во подземните игралишта, а трети да уживаат во природните убавини на пештерата.
Температурата на водата во езерото е константна, 10 степени, додека воздухот е чист, без алергени и идеален за луѓето кои страдаат од проблеми со дишните патишта.