За да „ѕирнат“ внатре во урагани како што се „Ирма“ и „Харви“, метеоролозите мора да направат навистина храбар потег – да се најдат очи в очи со бурата.

Ловците на урагани летаат низ нив, избегнувајќи поројни дождови, а понекогаш и громови.

Сега можете да видите како екипата на ловците на урагани влетува во историските силни ветрови на „Ирма“. Урaганите од петтата категорија се дефинирани од ветрови што достигнуваат до 252 километри на час или повеќе. Кога бил најсилен, ураганот „Ирма“ достигнал ветрови од 297 километри на час.

Пилотите почнале да летаат со млазниот авион на дневни мисии на 3 септември, пробивајќи ги растечките ветришта на бурата. Додека временските сателити на метеоролозите им овозможуваат да ги следат патеките на ураганите, мисиите им помагаат да соберат податоци за температурата на бурата, брзината на ветровите и насоките, како и барометарскиот притисок.

Овие податоци се собираат со алатка за распоредување, цилиндрични облици на инструменти кои пренесуваат информации како што паѓаат низ ураганот и во океанот. Екипажот го документирал феноменот познат како „ефект стадион“, во кој рабовите на очите на ураганот се прошируваат и се отвораат за да го изложат чистото небо.