Од Кина доаѓаат нови фотографии во вид на официјални, кои го покажуваат долгоочекуваниот смартфон Huawei P20 Pro, што треба да биде објавен кон крајот на овој месец.
Сликите вклучуваат две од веќе познатите карактеристики на уредот – неговата тројна главна камера и екран со исечен горен дел, во кој очекуваме да се наоѓаат сензорите за препознавање на лицето од прецизната технологија на компанијата.
Потсетуваме дека другите два модели во серијата исто така треба да имаат исечен дисплеј со сооднос 18:9, но ќе понудат двојна главна камера.
A match made in heaven. Putting professional photography within your grasp. #SeeMooore #HuaweiP20 pic.twitter.com/jSlCwuXhim
— Huawei Mobile (@HuaweiMobile) March 6, 2018
Во сликите ги откриваме и зборовите „See mooore with AI“ кои укажуваат дека другиот главен акцент во серијата ќе биде врз можностите за вештачката интелигенција од чипсетот Kirin 970.
Според сликата две од камерите ќе се поставени во зона како во iPhone X, а третата ќе биде одвоена. Се забележуваат уште двоен LED блиц, логото на германската компанија Leica и ознака дека ќе се користи оптика SUMMILUX-H со бленда f / 1.8, која во интерес на вистината е потемна од f / 1,6 во серијата Mate 10.
Потсетуваме дека презентацијата на серијата P20 е предвидена за 27 март во Париз, а неодамна напишавме дека цената на P20 Pro во Европа може да биде околу 900 евра.