Новите QLED TV уреди со неспоредлив дизајн и карактеристики на Паметен Екран овозможуваат беспрекорно искуство во гледањето содржини
Samsung ја лансираше својата водечка линија QLED TV уреди и Аудио-Видео (AV) продукти за 2018 година на настанот „First Look New York” во зградата на Американската Берза во Менхетен. Компанијата ја претстави својата најнова генерација QLED телевизори пред околу 1.000 учесници и демонстрираше нови, подобрени карактеристики, кои допринесуваат за уште подобро искуство при гледањето телевизија.
Во рамки на главната презентација, Јонгхи Хан, Претседателот на Бизнисот со Визуелни Екрани во Samsung, заедно со други раководители од компанијата објаснија како водечката линија телевизори за 2018 година овозможува неспоредливо доживување при забавувањето во домот, со цел отстранување на препреките при монтирање, како и кај самиот изглед на ТВ уредот, и поедноставување на пристапот кон содржините, овозможувајќи им на корисниците повеќе време посветено на сето она во кое уживаат и сакаат да го прават.
„Со нашата линија ТВ уреди за 2018 година ја променивме дефиницијата за визуелните екрани правејќи ги Интелигентни екрани. Дизајнирана за целосно уживање и со цел да го подобри секојдневниот живот на корисниците, без разлика на тоа каде се наоѓаат во домот, сево ова преку едноставниот начин на користење. Новата QLED TV линија телевизори им овозможува на корисниците најдобро искуство при гледањето на содржини.“ – изјави Јонгхи Хан, Претседател на Бизнисот со Визуелни Екрани на Samsung.
Претседателот Хан на сцената беше придружуван од извршните партнери од New York Times, кои разговараа за корисните предности на новата линија КуЛЕД ТВ уреди. Најавувајќи го новото партнерство помеќу New York Times и Samsung, Марк Томпсон, Претседател и Главен Извршен Директор во New York Times, изјави: “Со помош на возбудливиот QLED TV Амбиентален режим гледачите може визуелно да го доживеат незаменливото новинарство на New York Times кое е исклучително и во целост ја прикажува темата за која се известува.“
Во рамки на настанот „First Look New York“ беше организирана изложба за гости со цел приказ на новата продуктна линија на Samsung за 2018 година и нејзините карактеристики преку низа зони и екрани. Изложбата вклучуваше:
- Зона со голем екран, која го прикажуваше неверојатниот квалитет на слика на новата линија на Samsung, со збогатени бои и контрасти за различни ситуации, како играње игри и гледање филмови или спортски содржини. Samsung исто така го претстави својот препознатлив 146 инчен екран “The Wall“ – модуларен екран базиран на микро ЛЕД технологија кој е комерцијализиран за домашна употреба.
- Зона за филмови – Составена од повеќе димензионалниот “N950” саундбар на Samsung со Долби Атмос (Dolby Atmos®), кој ќе биде достапен за потрошувачите подоцна оваа година. Овој саундбар демонстрира како енергичниот, моќен “surround” звук може да го подобри искуството со домашната забава.
- Зоната со Амбиентален Режим (Ambient Mode) покажа како QLED TV уредите го редефинираат исклучениот телевизор, со нова технологија која го трансформира телевизорот во убав, функционален екран кој овозможува преглед на голем број информации вклучувајќи новости, временска прогноза и информации за состојбата во сообраќајот, а исто така на него може да се пушти и музика или пак целосно да се вклопи со ѕидот зад него.
- Нов, 5 метарски (вклучен при купување на QLED TV уред) и 15 метарски (достапен како опција) “One Invisible Connection” – издржлив кабел, прв од ваков тип во индустријата, кој е составен од кабел за напојување и кабли за пренос на податоци, споени заедно во едно. Овој вид на поврзување со помош на еден кабел им овозможува на корисниците да го постават својот ТВ уред онаму каде посакуваат, на оној начин како што сакаат, притоа избегнувајќи го нередот кој се создава со заплеткани кабли и жици.
- Подесувањето на Паметните ТВ уреди на Samsung за 2018 година е едноставно и може да се направи преку најкористениот уред од страна на корисниците – нивниот мобилен телефон, преку апликацијата “SmartThings“. Преку демонстрација беше прикажано како корисниците може да ги користат своите гласови за контрола на нивната забава при гледање содржини на ТВ уредите на Samsung со помош на Бигзби (Bixby).
Линијата ТВ уреди на Самсунг за 2018 година ќе биде достапна овој месец во Соединетите Американски Држави (САД). За повеќе информации, посетете ја страницата: www.samsung.com.