Четворица кениски хирурзи се суспендирани откако го отвориле черепот на погрешен пациент во болницата во Најроби. До забуна дошло бидејќи на еден пациент му била потребна операција за да му се отстрани згрутчување на крвта во мозокот, додека пак на друг му бил потребен неинвезивен третман поради отоци.
Поради замена на идентификациските таблици на креветите, опериран бил погрешен пациент. Хирурзите не забележале грешка за време на операцијата, се додека не откриле дека не постои згрутчување на крв.
Одборот за контрола соопштил дека ова е прв пример на ваква грешка во историјата на Кенија.