Бројот на станици за полнење во Јапонија во последните 12 месеци е намален на околу 29.200 (заклучно со март), од 30.300 минатата година.

Јапонија, чиј премиер Јошихиде Суга вети дека „Земјата на изгрејсонцето“ ќе стане јаглеродно неутрална до 2050 година, се соочува со класичен проблем во стилот „само направете ги, па се ќе си оди по својот тек“.

По воведувањето субвенции во вредност од 100 милијарди јени (911 милиони долари) во фискалната 2012 година, со цел да се изградат станици за полнење и да се мотивираат луѓето да ги прифатат електричните возила, јавните станици за полнење почнаа да никнуваат како печурки по дожд.

Сега, кога пенетрацијата на електрични автомобили на пазарот е само околу еден процент, во оваа земја има стотици полначи кои не се користат, додека многу од нив во меѓувреме се исфрлени од употреба. Проблемот е што нивната просечна возраст е околу осум години.

Бројот на станици за полнење во Јапонија во последните 12 месеци е намален на околу 29.200 (заклучно со март), од 30.300 минатата година, известува Zenrin Co. Ова е прв пад од 2010 година, од кога оваа компанија чија дејност е издавање мапи собира податоци

„Следната година или година потоа, ќе има врв кога станува збор за замена на станиците за полнење електрични автомобили со нови“, вели Кујоши Ито, менаџер за планирање во e-Mobility Power, заедничко вложување на Tepco Co. и Chubu Electric Co. „Она што е клучно е да ги замените полначите на места што се погодни за корисниците и да се осигурате дека нема да им истече рокот на траење во исто време, со цел да се одржи растот на бројот на електрични возила.

Јапонија има за цел да го зголеми бројот на станици за полнење електрични автомобили низ целата земја до 150.000 до 2030 година, а компаниите работат на тоа. Tepco Co. планира да го зголеми бројот на брзи полначи на автопатиштата на 1.000 до 2025 година. Во исто време, Hitachi развива помали, полесни полначи, пренесуваат локалните медиуми.

Сепак, претседателот на Toyota, Акио Тојода, кој е и претседател на Јапонската асоцијација на производители на автомобили, предупредува дека слепо следење цели може да биде проблематично.

Извор: Додај Гас