Официјални податоци за оние кои не веруваат во смртоносната стапка на Ковид-19

Случаите на новозаразени од коронавирусот продолжуваат да растат, а многу од земјите во светот повторно воведуваат карантини.

Британската докторка Хилари упатила предупредување дека Ковид-19 е 25 пати посмртоносен од грипот, а дека ова најмногу ќе им значи на теоретичарите на завера кои што и понатаму не веруваат дека вирусот воопшто постои. Ковид-19 е заразна болест која што е потврдена кај речиси 50 милиони од луѓето ширум светот, додека повеќе од еден милион луѓе починале од овој вирус. Бројот на смртни случаи во Велика Британија на дневно ниво расте, надминувајќи ја бројката од 300.

Во емисијата „Добро утро д-р Хилари“, таа одговорила на ставовите на поединци, дека „lockdown“ не е неопходен, и дека стотици луѓе умираат од обичен грип, а истите не се пријавуваат.

„Дали овој човек е сериозен, мислите ли дека грипот навистина убива 500 луѓе дневно“, била изненадена докторката и дала објаснување:

„Според статистиките, докажано е дека вирусот корона е 25 пати посмртоносен од грипот. Над 45.000 луѓе починале од коронавирусот во Велика Британија. Високата температура, кашлицата и промената на чувството на мирис или пак вкус најчесто се најраните симптоми на коронавирусот.

„Тестирајте се на коронавирус само доколку развиете било кој од овие симптоми. Некои пациенти пријавуваат воспаление на грлото, главоболка, па дури и икање, покрај најчестите симптоми“, заклучила докторката.

Извор: Srbija Danas