Приватната компанија SpaceX рано утрово го изврши јубилејното 50-то лансирање на ракета Falcon 9, со што за рекордно време стигна до оваа бројка за која на останатите компании им требаше многу подолго време.
Falcon 9 полета од вселенскиот центар во Кејп Канаверал во Флорида во 00:33 по локално време.
Само 33 минути подоцна, еден сателит беше поставен во орбитата на планетата Земја, соопштија од SpaceX на нивниот вебсајт. Сателитот е тежок 6 тони и е со големина на просечен градски автобус. Ова е најголемиот сателит кој една Falcon 9 ракета го има однесено во вселената.
Предвидено е овој сателит да ги прошири телевизиските и телекомуникациските услуги во Европа и Северна Африка.
Successful deployment of Hispasat 30W-6 to a geostationary transfer orbit confirmed. pic.twitter.com/PHctrfzwKa
— SpaceX (@SpaceX) March 6, 2018
Првиот лет на Falcon 9 се случи во 2010 година, а оттогаш SpaceX стана најзначајната компанија во овој сектор и лансираше уште 49 ракети до денешниот датум. Таа е особено заслужна за лансирањето на залихи за Меѓународната вселенска станица, како и за лансирање на комерцијални сателити и тајни државни товари.
SpaceX ги изработува ракетите на тој начин што секој дел од ракетата може да се рециклира, па затоа летовите се многу поевтини од оние на другите компании. По секое лансирање, деловите на ракетата се распаѓаат и паѓаат во океанот.
Извор: Klix.ba