Во јули минатата година НАСА од вселената снимила огромна санта мраз, со површина од околу 5.800 километри квадратни, која се одвоила од Антарктикот. Ова им дало на научниците можност да се запознаат со екосистемот кој опфаќа 6.000 метри квадратни, а скриен е скоро 120.000 години.
„Неверојатно е чувството кога со свои очи ќе видите нешто што претходно сте го гледале само на фотографии. До денес глечерот Ларсен Ц го гледав само на сателитски снимки објавени во август 2016 година. Антарктикот тогаш привлекуваше внимание поради огромните пукнатини, а на крајот тоа се заврши со одвојување на огромен глечер“, напишала Кетрин Хансен.
Сантата А-68, со големина на островот Бали, која се одвоила од ледената плоча Ларсен Ц, е една од најголемите во историјата. По одвојувањето, плочата Ларсен Ц се намалила за околу 12 отсто. На Антарктикот сега е лето, а А-68 патува кон јужниот Атлантик. На својот пат глечер постепено се распаѓа, па се формираат многу помали.
„Повеќето глечери што сум ги видела изгледаа релативно мали и компактни. Меѓутоа, тоа не важи и за овој. А-68 е толку голем што и натаму изгледа како да е дел од ледена плоча“, додала Кетрин.