Кинескиот произведувач JAC ги презентираше првите фотографии и спецификации на новиот електричен модел iEV A50.
Оваа компактна лимузина на струја, чија светска премиера е закажана за април во автомобилскиот салон во Пекинг, имаа димензии од 4.590/1.765/1.490 mm
Автомобилот добива електрична енергија од литиум-јонска батерија, односно во понудата се вклучени две опции, поголема со капацитет од 60 kWh и помала со капацитет од 47 kWh.
Според податоците кои ги објави произведувачот, iEV A50, е во состојба да помине и до 500 километри меѓу две полнења, ако е опремен со батерија од 60 kWh, додека автономијата во реални, секојдневни услови на возење се проценува на околу 400 километри.
Моделот со помала батерија според фабричките податоци може да се вози околу 330 километри, пред да мора да застане за да се надополни.
Ако се користи брз полнач, за надополнување од 0 до 80% од капацитетот на батеријата потребно е околу 1,5 часа, тврдат од компанијата.
Електромоторот со кој располага iEV A50 испорачува 150 коњски сили, а автомобилот може да развива максимални 150 километри на час.
Извор: B92.net
Поврзани артикли