Истражувањата веќе одамна покажаа дека социјалните мрежи не влијаат баш најдобро на младите луѓе, но британската комесарка за деца смета дека родителите би требало да им забранат на децата користење на Snapchat.

Некои училишта ширум Велика Британија веќе почнаа да забрануваат користење на Snapchat во текот на наставата, а британската комесарка Ана Лонгфилд смета дека родителите би требало да ја продолжат истата пракса и по наставата.

На Лонгфилд најмногу и пречи тоа што Snapchat поради своите можности предизвикува своевидна зависност кај децата. Тоа посебно се однесува на тн. оган – континуираното допишување помеѓу пријателите подолго од три дена и дека децата се натпреваруваат кој подолго ќе го одржи овој “оган”.

Лонгфилд ги предупреди пријателите да ги проучат апликациите кои ги користат нивните деца и да се запознаат со сите нивни можности.

“Ако не сте сигурни, немојте да им дозволувате на децата да користат Snapchat”, истакна комесарката.

Snap, компанијата која го осмисли Snapchat ја брани својата апликација и тврди дека таа поттикнува комуникација помеѓу пријателите, без лов на коментари, лајкови или споделувања.

“Навистина сериозно ја сфаќаме нашата обврска да создадеме сигурно искуство за нашите корисници и продолжуваме со вложување на средства за тоа да го обезбедиме”, порачаа од компанијата.