Меѓу големиот број на паметни телефони претставени на овогодинешниот CES конгрес во Лас Вегас, се најде и еден наменет само за вистинските љубители на филм.
И покрај тоа што Moviphone по својот изглед не се разликува премногу од големиот број на Андроид смартфони, негов главен адут е ласерски проектор кој емитува слика во 720 HD резолуција.
Проекторот може да го проектира целото она што може да се гледа и на екранот на телефонот. Тоа значи дека корисникот на него може да емитува видео содржини од YouTube и Netflix, како и PowerPoint презентации, и тоа на било која површина.
Покрај резолуцијата од 1280х720 пиксели, уредот се одликува и со контраст од 80.000:1.Произведувачот тврди дека овој специфичен смартфон е во состојба да прикаже слика во димензии до 100 инчи.
Од останатите карактеристики, Moviphone се одликува со MediaTekovom SoC MT6750V/W чипсет, има 5,5 инчен FHD екран, 3 GB/4 GB RAM и 32GB/64GB интерна меморија. Капацитетот може да се прошири со помош на мемориска картичка до 128 гигабајти.
Уредот работи на оперативен систем Android 7.0 Nougat.
Цената на Moviphone изнесува околу 600 долари.
Извор: B92.net