Станува збор за уред кој можеби нема да го привлече вниманието на помладата популација, но поради одличниот дизајн, едноставната употреба и издржливоста е распродаден во рекорден рок.

Со димензии од 3,7 х 2,2 инчи, “The Light Phone II” е само малку поголем од кредитна картичка.

Дизајнот на црно-белиот екран не се разликува во голема мера од останатите мобилни телефони, сè додека не започнете да го користите. Батеријата е еден од неговите главни адути бидејќи со минимално осветлување може да трае и до три дена без полнење.

 Со 78 грама тежина е многу полесен од останатите телефони. “The Light Phone II” во основа има две опции – повик и испраќање порака. Сепак, дизајнерите Холиер и Тенг овозможиле уште неколку опции кои се секако корисни за сопствениците, а тоа се калкулатор, аларм, ГПС следење и хотспот. Во иднина ќе вметнат и репродукција на музичка содржина, такси повик, но не и користење на социјални мрежи, пишува “Popsugar”.

Може да се употребува како самостоен уред или уред кој е компатибилен со друг телефон со повеќе можности. “The Light Phone II” се продава во САД по цена од 350 долари.

Извор: Klix.ba