Вчера, 21 февруари, македонската стартап заедница имаше ретка можност да биде дел од локалното издание на реномираната Меѓународна конференција за стартапи, претприемништво и иновации – PODIM2018, која традиционално секоја година се одржува во Марибор, Словенија.
Локален домаќин и коорганизатор на настанот во Скопје е Сеавус едукативен и развоен центар, кој заедно со организаторот од Словенија, Start:up Balkan, подготвија 4-часовен настан на кој присуствуваа 80 учесници, претприемачи, иноватори, инвеститори, партнери, компании и поддржувачи на стартап движењето во Македонија.
На настанот свое воведно обраќање имаа Милан Јазбек – aмбасадор на Словенија во Македонија, Весна Иваноска – генерален менаџер на Сеавус едукативен и развоен центар, Игор Маџов – претставник од инвестицискиот фонд SC Ventures, Горазд Јустинек – извршен директор на ЦЕП (Centar for European perspectives) и Матеј Рус, извршен директор на ПОДИМ.
Со свои искуства и експертиза на теми релевантни за развојот и растењето на новите бизниси се претставија и Елена Драгановска од InPlayer, Марис При од естонскиот Start up Wise Guys , Kсаба Какосу – партнер и извршен директор на Day One Capital и Ивана Станковиќ – инвестициски менаџер во SC Ventures.
Највозбудливиот дел на конференцијата секако беше резервиран за кратки презентации (pitch) на 10 селектирани стартапи кои пред публиката ги претставија своите бизнис-идеи.
Поврзани артикли