Кина го престави дизајнот на навиот суперсоничен бомбардер кој од Пекинг до Њујорк може да стигне за само 2 часа.

Авионот ќе лета со брзина од 6.000 километри на час, односно брзина пет пати поголема од брзината на звукот. Тој ќе биде опремен со два сета на крила.

Дизајниран е од научниците во Кинеската академија на науките во Пекинг.

Кинеските власти потврдија дека се направени неколку пробни летови на хиперсонични авиони од 2013 година до денес, но дека целиот проект е таен.