Jапонските научници објавија дека направиле лек против грип од кој доволна е само една доза за да го убие вирусот за еден ден. Компанијата „Шионоги“ тврди дека лекот „балоксавир марбоксил“ дејствува посилно и подобро од сите познати лекови против грип. Според нив, една доза е доволна за ефикасно да ве излекува за еден ден.
Во третата фаза од клиничкото истражување, кое е спроведено минатата година, кај пациентите вирусот исчезнувал во рок од 24 часа.
Испитаниците во истражувањето, покрај „балоксавир марбоксил“, користеле и „тамифлу“, а дел биле на плацебо. Пациентите што биле на плацебо од грипот се спасувале за 96 часа, а тие на „тамифлу“ од вирусот се ослободувале за 72.
„Тамифлу“ го скратува природниот тек на болеста за еден ден ако се земе во првите 48 часа. Предноста на „балоксавир марбоксил“ пред „тамифлу“ е што е потребна само една доза за разлика од 10-те што се за другиот лек. За сузбивање на сите симптоми на болеста, сепак потребно е еднакво време, без разлика кој лек се користи.
Според „Шионоги“, брзината на дејствувањето на новиот лек може да биде клучна за спречување на ширење на заразата. Лекот „балоксавир марбоксил“ неодамна доби зелено светло за пуштање на пазарот во Јапонија, а во другите делови од светот се очекува да пристигне в година.
Сезонскиот грип годишно убива 650 илјади луѓе, а пазарот со лекови за грип во 2016 година изнесуваше 600 милиони долари.