Snapdragon 850 е официјално објавен во подоцна оваа година се очекува во првите лаптопи и 2-во-1 уреди. Чипсетот е практично унапредена верзија на Snapdragon 845 процесорот, кој може да се најде во премиум смартфоните, а ќе го замени Snapdragon 835 кој порано го покренуваше Windows на ARM уредите.
Qualcomm ја понуди пропратната фотографија како референтен дизајн, а се укажува на формат во вид на Surface уред, односно таблет поврзан на тастатура.
Се очекува дека ваквиот уред ќе има подобро ладење од телефоните, па Kryo 385 Gold јадрата на Snapdragon 850 чипсетот се клокувани на 2.95GHz, што ќе влијае на подобрите перформанси.
Во споредба со Snapdragon 835 лаптопите, новиот чипсет ветува подобрување од 35 проценти кога се во прашање перформансите и 20 проценти подобрување на работниот век на батеријата. Покрај ова, X20 LTE модемот ја подобрува downlink брзината до 1.2 Gbps.
Microsoft неодамна го надгради ARM Windows со 64-битен Edge, тука е и поддршката за HDR, a Qualcomm чиповите имаат вградена поддршка за aptX HD звук.
Поврзани артикли
