На интернет порталите кои се занимаваат со промоција на новите смартфони, се појавија и првите фотографии на новите модели на смарфоните на Nokia. Станува збор за новата верзија на минатогодишниот Nokia 7, кој овој пат ќе оди со додавката Plus и треба да биде уред со дизајн на цел екран.
Nokia 7 Plus ќе добие голем 6-инчен екран со размер 18:9 и тенки гранини линии. Според достапните податоци, gadget-от ќе има осумјадрен процесор Snapdragon 660, 4 GB RAM меморија и 64 GB меморија со поддршка за microSD картички. Исто така, уредот ќе биде опремен со двојна камера со сензори од 12 и 13 мегапиксели со Zeiss оптика, двоен оптички зум и двоен автоматски фокус.
Во врска со Nokia 1 засега нема конкретни податоци. Очигледно, овој модел на паметен телефон ќе добие мал екран. Nokia 1 и Nokia 7 Plus се очекуваат на пазарот во многу скоро време. Можно е да се појават веќе на крајот на овој месец на саемот MWC 2018, заедно со водечката Nokia 9.