Кинескиот производител Doogee покажа нов паметен телефон кој изгледа многу слично на iPhone X, но само по изглед.

Една од карактеристиките на мобилниот уред на Apple е пресекот на врвот на екранот. Тој станува тренд кај кинеските производители, а во случај на Doogee, пресекот не е многу важен.

Причината е дека, според протечените податоци, смартфонот на Doogee не располага со технологија за препознавање на лицето, a во пресекот се очекува да бидат поставени предната камера, гласовниот асистент и сензорот за осветленост. Од ова разбираме дека пристапот е во основа имитирање, бидејќи овој тип на хардвер зафаќа помалку простор отколку што веќе е доделен на Doogee V.

Тенката долна рамка и вертикално поставената двојна камера исто навести за позајмување на идеи од iPhone X. Се разбира, нема начин како да ги споредиме двата смартфони, бидејќи од Doogee вложуваат најниска цена во уредите и компонентите, кои не можат да бидат споредени со оние со најмоќните паметни телефони.

Ако го оставиме настрана дизајнот на предниот панел, моделот Doogee има нешто навистина посебно. Според фотографиите дистрибуирани од Еван Блас, моделот има 6,2-инчен екран и сензорот за отпечатоци се наоѓа под него. Дали читачот за отпечатоци е дело на Synaptics, како што видовме кај неодамна објавениот смартфон од Vivo, не можеме да кажеме со сигурност, бидејќи нема официјални податоци за карактеристиките.

Едно е сигурно – се повеќе и повеќе компании ќе се обложуваат на овој пристап, кој заштедува простор со отстранување на сензорот од куќиштето на паметните телефони.

Компанијата објави дека ќе објави повеќе информации за Doogee V кон крајот на овој месец.