Екслузивниот „Smart Face Beauty“ алгоритам и останатите функциите ќе ги привлечат, пред се младите корисници.
„Huawei“ го претстави новиот „Huawei P smart“, паметен телефон со целосно нов „EMUI 8.0“ оперативен систем и фокус на „FullView Display“ дизајн. Речиси сите нови смартфони на пазарот пристигнуваат со цел приказ на екранот, односно со многу тенки, речиси невидливи рамки. Со „Huawei FullView“ екранот, „Huawei P smart“ доаѓа со 5.65-инчен, „FHD+“, 18:9 екран кој покрива повеќе од 80% од предната страна на уредот.
Новата „P“ серија ја карактеризира едноставноста и елеганциајта и рамната и мазна задна површина. Покрај тоа, „P smart“ содржи единствена „Smart“ опција за извршување на повеќе наменски задачи, како што е работата на две апликации во исто време и нуди повеќе можности.
„Huawei P smart“ содржи две задни камери од 13 MP и 2 MP, но и „Smart Face Beauty“ начин на снимање. Благодарејќи на високо прецизните сензори на камерата и пиксели за фазна детекција, 13 MP HD камерата нуди фокусирање во реално време, со што многу прецизно ќе направи било какви кадри.
Ова серија има и развиен „ISP“ процесор „Hisilicon“ со подобрена експресија на бои и намалување на буката, овозможувајќи во било кој момент снимање на одлични фотографии. Со цел да се подобри снимањето на ноќни фотографии, „Huawei P smart“ содржи пет групи на прецизни леќи кои овозможуваат снимање на чисти фотографии и при лошо осветлување.
Новиот уред содржи предна „beauty“ камера од 8 MP која ги содржи потребните начини за снимање на фотографии. Со опцијата за препознавање на лица и портрети, со оваа предна камера може да се снимаат совршени „селфи“ фотографии. Покрај тоа, „P smart“ содржи и опција „селфи“ фотографиите да може да се снимаат и со движење на дланката.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли