Сајбер-напад за време на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ги принуди организаторите да ги исклучат серверите, предизвикувајќи хаос во главниот прес-центар на Игрите.
Домаќините објавија дека неидентификувани хакери се инфилтрирале во системот.
Како резултат на тоа, официјалната веб-страница на Олимпијадата беше времено прекината, но денеска е обновена и работи нормално.