Од предвоениот Mercedes 540 K до современиот Mercedes-Maybach S650 Cabriolet, ова се топ 5 најлуксузни модели во историјата на Mercedes.
Германскиот произведувач во рамките на YouTube серијалот “Best of Benz” направил избор од пет најлуксузни автомобили од својата историја. Изборот е секако интересен, иако многумина веројатно нема да се сложат со истиот.
На 5-то место на оваа листа се најде лимузината Mercedes 540 K, која се произведувала во периодот од 1935 до 1940 година. Под долгата хауба се наоѓал 5.4 литарски мотор со 8 по ред поставени цилиндри и 2 карбуратори, кој за тоа време испорачувал моќни 118 коњски сили (86 KW).
Четвртата позиција ја зазема современиот Mercedes-Maybach G650 Landaulet, ултимативно теренско возило засновано на претходната генерација на G класата. Овој модел е изработен во само 99 примероци, а може да се опише како мешавина од G и S класа.
За погонот е употребен V12 би-турбо мотор со 630 ks (463 kW) и дури 1000 Nm максимален вртежен момент.
Третото место му припаѓа на ексклузивниот Mercedes S600 од 1959 година, во кој се возеле најбогатите луѓе на планетата, но и најзначајните политичари од тој период и членови на различни династии.
Позицијата број 2 ја зазема уште еден современ модел на Mercedes, моделот S650 Cabriolet. Овој автомобил спаѓа во самиот врв на најлуксузни автомобили со отворен кров.
На првото место на оваа кратка листа е легендарниот Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupé, кој е еден од најексклузивните модели во автомобилската историја – направен во само 2 примероци.
Овој Mercedes од средината на 1950-тите години за тоа време развивал фантастични 290 километри на час, а половина век подоцна послужил како инспирација за уште еден славен модел – Mercedes SLR McLaren од 2003 година.
Погледнете го видеото:
Поврзани артикли