Европската платформа за рециклирање на електричен и електронски отпад (ЕРП) објави дека во 13 држави членки на Европската унија од 2002 година досега се собрани повеќе од три милиони тони електричен и електронски отпад.

Според нив, оваа огромна количина отпад опфаќа и 39 милиони телевизори, 12 милиони фрижидери, 175 милиони машини за перење и повеќе од 67 милиони мали кујнски апарати.

До 2021 година таа цифра може да се искачи до 52 милиони тони.