Според новото истражување, што го спроведе агенцијата „Kantar Millward Brown“ во светот на водечко место се кинеските брендови од областа на електронските уреди за широка потрошувачка.

Кинеска иновација е терминот по кој кинеските брендови сакаат да бидат препознатливи во светот. Тоа е сериозен чекор што води кон градење сосема нова перцепција за кинеските производи, спротивна на таа што постоеше во минатото, кога терминот „кинески производ“ значеше неквалитет и копија на тоа што веќе го прават светските брендови.

Според новото истражување, што го спроведе агенцијата „Kantar Millward Brown“ во светот на водечко место се кинеските брендови од областа на електронските уреди за широка потрошувачка.

Агенцијата во соработка со Google изработи листа на 50 најмоќни кинески брендови во светот. Притоа Lenovo, гигантот за компјутерска и мобилна технологија, се најде на прво место. Според истражувањето на второ место се наоѓа Huawei, познатиот бред за мобилни уреди, којшто брзо го освојува пазарот. Блиску е и Alibaba, компанија што со својата понуда за онлајн трговија, стана еден од посилните брендови во светот.

Истражувањето е правено според влијанието што кинеските производи го имаат на развиените пазари, како  Франција, Гeрманија, Шпанија, Велика Британија, САД, Австралија и Јапонија.

„За креаторите на кинеските брендови доаѓањето до голем број консументи не е единствена грижа. Тие се посветени кон тоа да ја сменат перцепцијата на потрошувачите кон нив“, вели Дорен Ванг, лидер на „BrandZ“, дел од „Kantar Millward Brown“.

Листата на 50 најсилни кинески брендови во светот, како и целото истражување се достапни на следниот линк.