Виртуелната и проширената реалност бројни светски компании и технолошки стручњаци – започнувајќи од Марк Цукерберг, па се’ до Тим Кук – сметаат дека претставува следно големо нешто коешто ќе ја одбележи технолошката индустрија.

Кон почетокот на минатата година се чинеше како времето на виртуелната реалност навистина да доаѓа, па на пазарот се појавија бројни VR уреди, како на пример Oculus Rift, HTC и Steam го претставија Vive, додека Sony го претстави PlayStation VR.

И иако овие уреди обезбедуваат навистина интересно искуство, нивната цена, како и цената не целиот дополнителен хардвер којшто би требало да се поседува, односно самиот компјутер којшто поддржува VR, чинат минимално илјада долари, па самиот факт дека оваа технологија е во својот ран стадиум од развојот и се’ уште нема доволно атрактивни апликации и содржини за да привлече доволно голем број на луѓе, предизвика да не се создаде премногу голем интерес за виртуелната реалност.

Секако, оваа технологија ќе напредува и понатаму, а со оглед на фактот дека уредите во иднина ќе стануваат и уште помоќни, а содржините се’ повеќе атрактивни, може да се очекува дека со текот на времето ќе расте и интересот, а со тоа ќе расте и нивната продажба.

Сепак, моментално, овие уреди се и понатаму во втор план, кога зборуваме за IT пазарот.

А за состојбата на пазарот на виртуелната реалност минатата недела проговори и шефот на американскиот отсет на Nintendo, Филс Ејме, којшто изјавил дека моментално искуство во врска со употребата на виртуелната реалност за повеќето од луѓето сепак не е забавно. Тој и додал дека Nintendo засега нема планови за влез на овој пазар, а иако нивните размислувања и планови со текот на времето може да се променат, во компанијата моментално немаат временски рамки кога би можело тоа да се случи.

Иако Nintendo минатаа година експериментираше со виртуелната реалност, па беа откриени и некои патенти коишто потврија дека во оваа компанија сепак се размислува за понатамоѓшен развој на технологијата, моментално сепак тие ќе останат фокусирани исклучиво на развој на сопствениот хардвер и софтвер, како и мобилните игри.

Nintendo долго време и се спротивставуваше и оградуваше на развојот на игри за паметните телефони, но, со текот на времето очигледно им стана јасно дека сепак ќе мора да се прилагодат кон пазаеот, за конечно да ја претстават првата игра Super Mario наменета за мобилните уреди на Apple, како и Android уредите, а во најава се и нови игри токму наменети за паметните телефони и таблети – вклучувајќи тука и мобилнаверзија за легендарната игра The Legend of Zelda.

Инаку, Nintendo уште кон средината на 90-те ја претстави својата прва VR конзола – Virtual Boy, којашто, поради ограничувањата на тенологијата и бројните проблеми, се покажа како големо разочарување, па подоцна во текот на истата година беше и комплетно повлечена одпродажба.

Извор: B92