На дисплеите на сите модели на iPhone и iPad на рекламите секогаш стои истото време – 09:41. Ова секако не е случајност, туку зад сè стои крајно интересна причина.
Како и со производите, Apple ништо не прави случајно и поради тоа нивните реклами се промислени до најситните детали, а еден од тие детали е и времето на уредите.
Поранешниот директор задолжен за оперативниот систем на Apple – iOS, одлучил да го открие значењето позади овие бројки:
“Претставувањето на уредите го дизајнираме така што неговото откривање се случува околу 40-тата минута од презентацијата. Кога на екранот ќе се појави голема фотографија од новиот производ, сакаме на него да се наоѓа што е можно поприближно време кое публиката може да го види и на своите часовници. Но знаеме дека не секогаш ќе успееме да го погодиме точното време”, вели тој.
Со цел компанијата да биде сигурна дека нема многу да отстапува од точното време, додадена е една минута плус за да се покријат сите евентуални доцнења.
Сето ова е поврзано и со времето кога Стив Џобс го откри првиот iPhone, а времето во кое тоа било направено било 09 часот и 42 минути.
Поради тоа, некои претходни промотивни материјали содржат уреди кои го покажуваат ова време, но компанијата набрзо почнала да користи 09:41.
Од друга страна, исклучок од ова правило е паметниот часовник на Apple кој прикажува 10 часот и 9 минути.
Многу произведувачи ги поставуваат сказалките на часовниците на 10:10 поради симетрија, меѓутоа Apple се одлучил за малку поинаков пристап.
Иако никој не ја знае точната причина за ова време, многумина шпекулираат дека тоа е поради фактот што компанијата сака да покаже дека е еден чекор пред сите и дека временски е побрза од останатите.
Извор: Точка