Најновиот проблем со кој се соочуваат некои од корисниците на iPhone X е проблемот со вклучување на екранот кога некој ви ѕвони на вашиот телефон. Според жалбите на некои корисници кои се соочиле со овој проблем, екранот се вклучувал дури и 10-ина секунди подоцна, па многумина ги пропуштиле тие повици, неможејќи ниту да видат кој ги бара, ниту можеле да го вклучат виртуелното зелено копче на екранот. Според извештајот на Financial Times, станува збор за неколку стотини iPhone X уреди, а од Apple изјавија дека ги разгледуваат жалбите од корисниците.
Кај некои од корисниците, проблемот привремено бил елиминиран со рестартирање на телефонот, но после некое време, повторно се актуелизирал проблемот. Претходни проблеми со најновиот модел од Apple беа проблемите со појавување на зелена линија во екранот, проблеми со користењето на телефонот на ладно време, проблеми со фокусирањето на задната камера, како и проблеми со пуцкетање во звучниците на телефонот.