Електричниот мегадрон со 16 ротори може да се трансформира во авион и да лета со брзина од 321 км/ч.
Koмпанијата Joby Aviation веќе некое време во Дубаи тестира такси дрон, а нивниот прототип со ознака Joby S2 може да полетува и слетува вертикално како хеликоптер, но во лет се трансформира во авион како некои од новите борбени авиони, бидејќи поседува крила и мотори кои се ротираат од вертикална во хоризонтална позиција. За разлика од нив, Joby не троши скапоцен керозин, туку работи на електрични мотори.
Joby паралено развива две верзии на ова летало, двоседот С2 и четвороседот S4, a заеднички ќе им биде системот за далечинско и автономно управување, што значи дека на патниците нема да им треба пилотска дозвола, бидејќи такси службата ќе ги вози сама на ист начин како што денес се управува со малите дронови.
Потенцијалот на овој проект го препознаа Intel и Toyota и одлучија во него да инвестираат 100 милиони долари.
За сега, уште не е познато кога првите патници би можеле да добијат дозвола за лет.