Иако не делат барем шест месеци од објавата на следната генерација на iPhone уреди, гласините за претстојните премиум телефони се се почести. Најновите информации пристигнуваат од словачкиот сајт “Svetapple”, кој објави некои iPhone 12 Pro рендери.

Најинтересно на овие рендери е отсуството на препознатливиот засек во екранот, кој дебитираше на iPhone X моделот во 2017. година. Сите компоненти, кои моментно се наоѓаат во засекот на iPhone, се сместени во горната рамка на смартфонот. На дијаграмот е прикажано дека ова вклучува IR камера и пратечките сензори, како и дот проектор, 12MP селфи камера и слушалка.

Рамките од страна, како и долната рамка изгледаат поголеми во однос на актуелните iPhone модели, но бидејќи се работи за ран рендер, не може со сигурност да се тврди дека ова ќе биде и крајниот дизајн на следната iPhone линија.

Посебен дијаграм покажува дека SIM слотот и натаму е присутен од десната страна на рамката. Уредот е исто така опишан со рамни страници, што ги потврдува претходните гласини.

Најновите iPhone 12 гласини укажуваат на тоа дека поголемиот 6,7-инчниот Pro модел ќе има и нова sensor-shifting стабилизација за камерата. Исто така, слушнавме дека 3D ToF сензорите би можеле да пристигнат на двата Pro модела. Споменат е и 120Hz ProMotion дисплеј, до 6GB RAM и mmWave 5G конекција.