Погледнете ја листата со најдобрите телефони што ќе направат вистински бум во светот на технологијата во првата половина на 2018 година.
Samsung Galaxy S9
На светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона, на 25 февруари, Samsung планира да го претстави новото издание од серијата Galaxy. Во моментов не се знае доволно за уредот, но сигурно е дека ќе изгледа слично на Galaxy S8. Се очекува голема промена на функциите на камерата.
LG G7а
Презентацијата на уредот ќе биде во март или април. Се очекува претставување на многу моќен хардвер. Наводно ова ќе биде првиот телефон што ќе го користи најмоќниот и досега необјавен „Snapdragon 845“.
Moto G6
Задача на овој телефон е да се задоволат барањата на потрошувачите од среден ранг, а притоа уредот да изгледа совршено. Се очекува да биде презентиран наскоро.
Nokia 9
Се очекува да го претстават својот најмоќен телефон досега. Некои веќе го нарекуваат супертелефон, а се шпекулира дека ќе има моќен состав на камерата со два објектива.
OnePlus 6
Телефонот ќе биде презентиран во вториот квартал од годината, а во моментов се знае многу малку – познато е само дека овие уреди користат речиси чиста верзија на Андроид, а хардверот го нудат за многу поволна цена.
RED Hydrogen
Првите примероци од овој футуристички уред би требало да стигнат до потрошувачите ова лето. Произведувачите велат дека се работи за вистинско „мало чудо“. Има модуларна камера која корисникот ја менува според потребите, како и прв холограмски екран.