Покрај системот за самочекирање на аеродромите, хотелите во Виена неодамна направија и место за паметни роботи кои им одговараат на прашања на гостите или вршат прием на гости. „Во колку часот е појадокот?“, „До кога треба да ја наоуштиме собата?“ и слични прашања можат да одговорат роботите. Хотелот „Цајгајст“, кој се наоѓа кај главната железничка станица во Виена, веќе има дигитален портир по име Густафо.
Хотелот тестира виртуелен асистент како дополнителна понуда од декември минатата година. Густафо на гостите им ги нуди сите информации во врска со хотелот, а може и да ги анализира поставените прашања. Така сопствениците на хотелот можат да дознаат што најчесто прашуваат гостите, а зад сетот тоа стои дигиталниот систем Alexa.
Стартапот Gustaffo од Виена, пак, ги пренесува дигиталните хотелски услуги на паметните телефони. Станува збор за интернет-страница која изгледа како апликација. Gustaffo нуди информации за хотелите на различни јазици. Преку интернет страницата може да се повика и собна послуга, да се нарача такси или да се резервира ресторан.
Вкупно 38 хотели во Европа имаат дигитален портир. Во Виена засега има два хотели кои нудат таква услуга хотелот Цајтгајст и Аркотел Донауцентрум. Хотелитерите сметаат дека оваа новина во хотелите секако се повеќе ќе се употребува, но никако не смее да ги замени вработените. Многу гости сакаат некој да им се обрати, додека други сакаат се да направат сами преку Интернет.
Извор: Klix.ba