Во Сиетл е отворена првата продавница без продавачи и редови за плаќање.
Станува збор за продавница на “Amazon Go” која во изминатата година ја тестирале работниците на “Amazon”, а сега е конечно отворена за јавноста.
Новоотворената продавница користи низа камера кои се монтирани на плафонот и кои го идентификуваат секој купувач и ги препознаваат артиклите кои тие ги бираат, со што се елиминира потребата за посебно читање и наплата на избраните артикли на каса.
Сите артикли со кои си заминува купувачот автоматски се наплатуваат, а износот се одзема од кредитната картичка на купувачот кој при влезот мора да се пријави со скенирање на својата апликација “Amazon Go” на паметниот телефон.
Сензорите на полиците ги додаваат артиклите на сметката на купувачот, односно ги бришат во случај на враќање на истите.
Концептот за наплата без продавач е покренат во декември 2016 година, но продавницата во Сиетл досега ја користеа само вработените во “Amazon” со цел да се уверат во функционалноста на системот.
The future of retail via Amazon Go pic.twitter.com/jVIjnvi6aZ
— Vala Afshar (@ValaAfshar) January 21, 2018
Се очекуваше продавницата да биде отворена и претходно, но отворањето било одложено бидејќи системот имал проблеми со идентификација на купувачите кои имаат слична градба на телото и со деца кои ги враќале артиклите на погрешно место на полиците.
Брајан Олсавски, директор за финансии на “Amazon” неодамна откри дека планираат да отворат низа вакви продавници.
Извор: Kurir.rs / BBC