Новиот паметен робот би можел да послужи како бесконечна забава за сите мачки ширум светот, бидејќи им го свртува вниманието од други предмети, и да ги стимулира константно да се движат.

Новиот роботски пријател за мачки го доби името Ebo, кој благодарение на малите димензии (76x70x70 милиметри) потсетува на организмите кои во вистинскиот живот со мерак ги ловат. Малиот робот ги забавува мачките додека сопствениците се отсутни, и може да се тркала по просторијата, да се врти околу својата оска, и така мачката да ја мотивира повеќе да вежба. Ebo има вградени сензори за детектирање пречки, и камера која може да се поврзе со соодветна апликација и така на сопственикот да му пружи увид во животот и играта на омилената мачка.

Сопственикот може да направи и распоред на активности и да избере кога роботот е активен, а кога мирува, а роботот може да се резервира на Kickstarter.