Начелното правило за заштита од малвер на Android гласи: „Не посетувај сомнителни веб-страници“ и искрено тоа функционира и ден-денес. Проблемот е во грешката што може да му се случи секому и поради тоа да завршите на лажна веб-страница – и потоа работите да тргнат во несакан правец.
Една таква програма е малверот Skygofree. Програмата еволуира уште од 2014 година и денес користи методи на шпионирање што многумина не знаеле дека постојат. Овој малвер се населува во телефонот на корисникот преку лажна веб-страница и потоа го користи како центар за шпионирање.
Skygofree може да го вклучи микрофонот и да снима звуци на точно дефинирани локации, тој го следи сообраќајот на безжичните мрежи и, секако, може да ја пушти камератa кога сака.
Како и кај сите малвери до денес, неговото избегнување е релативно едноставно -двапати проверувајте ги веб-страниците во линковите и гледајте тие да се официјални.
Извор: Kaspersky
Поврзани артикли