Google направи втор обид за помалку од една година за да ги заштити огласувачите во нивните канали на YouTube, од тоа да бидат поврзани со видеа кои вклучуваат насилство, омраза или лоша реторика.
Според новите стандарди, Google ќе ги отстрани рекламите од „значителен“ број на своите канали на YouTube, од кои 99% од нив генерирале помалку од 100 долари реклами минатата година, соопшти компанијата.
Google ветува дека ќе ги натера луѓето да ја гледаат секоја секунда од најпопуларните реклами, кои одговараат на условите за рекламирање, до крајот на март низ целиот свет. Покрај тоа, компанијата, исто така, ги промени условите за создавање на комерцијални канали.
„Иако минатата година преземавме неколку чекори да ги заштитиме огласувачите од несоодветни содржини, знаеме дека мора да сториме повеќе за да се увериме дека нивните реклами одат заедно со содржината која ги одразува нивните вредности“, коментира Пол Марет, потпретседател на Google, одговорен за видео и анализа.
Претходниот бран од промени во политиките на компанијата се случи, откако над 250 огласувачи ја сопреа својата реклама на YouTube минатата пролет по статии во вестите, кои покажуваат дека предметните реклами се прикажани заедно со екстремистичка содржина.