Моментално е лето во Кејптаун и во најјугозападниот дел од Јужна Африка владее катастрофална суша. Доколку градот не почне порационално да ја користи водата, според владата, славините ќе бидат исклучени на 22 април 2018 година затоа што повеќе нема да има што да тече низ нив.
Со тоа Кејптаун ќе стане првиот голем град во светот кој нема да има вода, како што вели професорот Ентони Тартон од Центарот за менаџирање со животната средина на Универзитетот Фристејт во Јужна Африка, пренесува Светскиот економски форум.
Градот бара од жителите да ја ограничат потрошувачката на вода на 87 литри по човек дневно.Тоа е еквивалентно на четириминутно туширање со обичен туш или на 80минутно туширање со штедлив туш. Водоводниот систем на Кејптаун, како и на ниеден друг град во светот, не е изграден да издржи повеќегодишна суша. Таквата суша се очекува да му се случи на градот.
Сепак, таа суша нема да трае вечно. Според климатските модели, веројатно сушата е дел од промените во Јужна Африка, каде што поради климатските промени има големи шанси за сушни години, а многу мали шанси за години со повеќе дождови. Рационалното користење на водата во Кејптаун веројатно ќе стане секојдневие за градот со 4 милиони жители.