Постои глобална закана за коронавирус, а кинеските власти прават се што е можно за да спречат ширење на истата.

Така, тие започнаа да користат дронови за да ги следат луѓето и да ги вратат во своите домови, доколку не носат маски за заштита.

Дронот ги следи сите лица што не ги почитуваат наредбите, а кога ќе ги забележат, лицата добиваат предупредувачка порака од звучниците, пишува британски „Метро“.

Дронот звучно сигнализира: “Не треба да шетате без маска. Подобро одете дома и запомнете да ги миете рацете”, може да се забележи од видеото објавено од кинескиот Глобал Тајмс.”

Во друго објевено видео, може да се забележи реакцијата на дронот кога забележал човек кој работи надвор: „Не се смеј. Подгответе се и одете дома сега“.

Повеќе од 250 луѓе починале во Кина од коронавирусот.

Вирусот е потврден во Англија, како и низ цела Европа – во Италија, Шпанија, Финска, Шведска и Германија.