Со настанот „Запознај се со IТhink“, „Сеавус едукативен и развоен центар“ ги најави уписите за втората генерација учесници на Првата академија за технологија за деца кај нас.

Настанот беше наменет за сите родители и деца што сакаат да се запознаат со програмата и тимот задолжен за реализација на IThink , но и со искуствата и одличните резултати и успеси на децата од првата генерација.

IThink е прва воведна Академија за деца од областа на технологијата, чија основна цел е нејзина афирмација меѓу младите преку логично и креативно решавање предизвици и проблеми со помош на технологијата. Програмата е во склоп на 5 модули: Вовед во ИТ; Ајде да дизајнираме; Мистериите на интернетот; Забавно програмирање и Сакам роботи.